PH Re Medika

Fertility Clinic
Skopje, 1000

Contact Information

Clinic Name
PH Re Medika
Location
Skopje, 1000
North Macedonia

Clinic Details

Languages spoken
English other
Year Established
2005
Hours of Operation
Monday to Friday: 08.00 am — 10.00 pm
Saturday: 08.00 am — 04.00 pm
Credentials
International Standard: ISO 9001:2008

PH Re Medika


Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија, основана на 7- ми април 2005 година. Во текот на своето работење, се потврдија основните постулати за квалитетна и одговорна здравствена заштита на граѓаните. Како врвна здравствена установа, Ре-медика, со својата деловна политика негува низа вредности. Првенствено е фокусирана кон пациентите (промовирање, негување и унапредување на здравјето), вработените (односот кон вработените, меѓу вработените, тимско работење), вклучување во процесот на управување, а со својот однос кон општествените збиднувања дава и свој придонес во тој сегмент.
Болничкиот објект е лоциран во мирен дел на градот Скопје, во подножјето на парк шумата Гази Баба. Се простира на површина од 5.200 квадратни метри, одвоен е од сообраќајниот метеж, со одлична локација за добра пристапност преку главните сообраќајници. Зградата е изградена на три ката по најсовремените стандарди кои важат за здравството, и е наградена за најдобра инвестиција во југоисточна Европа за 2005.
Ре-Медика располага со вкупно 56 болнички кревети. Сместувањето е на избор на нашите пациенти во 15 луксузни апартамни, двокреветни соби и сместувачки капацитети за интензивна нега. Собите се луксузно опремени со инсталирана кабелска телевизија и брз адсл интернет конекција. Загарантирана дискреција, комодитет, релаксирачка атмосфера. Добро осветлени со поглед кон природата. Хоспитализираните пациенти имаат на избор разновидно мени, согласно пропишаните дневни потреби од страна на докторот специјалист. Болницата располага со 4 ултра модерни операциони сали со дигитален пренос на податоци, можност за телемедицина како и опрема за снимање на операциите. Најсофистицирана опрема поставена во две породилни сали со можност за примена на најсовремени начини и методи на породување. Одделението за гинекологија-акушерство и неонатологија се гарант за најквалитетно сместување на мајката и новороденчето. Посебна гордост на болницата претставува дијагностичката опрема со која располага, која во рацете на врвните лекари, специјализираните тимови, кои со своето искуство и вештини е основниот предуслов за навремено и точно дијагностицирање.
Ре-Медика, Болницата се стреми кон доследно спроведување на високи стандарди на квалитет, цена-ефективност и задоволство кај пациентите.Работиме кон подобрување на здравјето на пациентите преку обезбедување на широк спектар на услуги со чувствителност на индивидуалните потреби на пациентите и нивните семејства. Квалитетот на нашите услуги се зајакнува преку интеграција со образованието и континуираните обуки на нашиот кадар во реномирани медицински центри во светот, со цел креирање на работна средина која ја поттикнува совршеноста на праксата, критичкото работење и учење.

100.000 пациенти.....100.000 успешни приказни...100.000 причини зошто Ре-Медика.

Довербата на нашите пациенти секојдневно ја потврдуваме, така што гарант за нашата секојдневна мисија е се поголемиот број на пациенти кој од година во година расте. Минатата година се направија над 1.700 гинеколошки интервенции, повеќе од 1.500 хируршки интервенции, се родија повеќе од 700 бебиња, имавме над 90.000 различни амбулантски прегледи и стотици илјади лабораториски и други видови дијагностички услуги.
Тековното квалитетно работење, воведувањето на нови услуги и методи на лекување е потврдено со проверки од трета страна во текот на 2012 година, со што ПЗУ Ре-Медика е прва сертифицирана општа болница во РМ за својот Систем на управување со квалитет, согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2008


ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО
ЦЕНТАР ЗА АСИСТИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА И ИН ВИТРО ФЕРТИЛИЗАЦИЈА( комплетна дијагностика на машкиот и женскиот стерилитет:
- AIH-инсеминација,
- IVF (ин витро фертилизација),
- ICSI(интрацитоплазматска инсеминација),
- TESE ( тестикуларна аспирација како подготовка за ICSI колектирање на сперматозоиди од тестис. Продолжена култивација на ембриони, замрзнување на ембриони и на сперматозоиди.

НЕОНАТОЛОГИЈА И ПЕДИЈАТРИЈА (Неонатологија, Педијатрија, Педијатриска кардиологија, Педијатриска ревматологија)

ХИРУРГИЈА( Абдоминална хирургија, Лапароскопска, Тораковаскуларна, Ортопедска, Урологија, Пластична и Естетска , ОРЛ, Детска Хирургија, Ласерска технологија во хирургијата

АНЕСТЕЗИЈА И ИНТЕНЗИВНА НЕГА(Анестезија, Интензивно лекување,Третман на болка)

ДИЈАГНОСТИКА( Ортопедија,Ендоскопија и Инвазивна Гастроентерологија, Оддел за Интерна медицина,Оддел за Кардиологија, Оддел за Невропсхијатрија,Оддел за Радиологија, Отсек за дијагностика на болести на гради)

Физикална терапија, Биохемиска Лабораторија, Болничка Аптека,
Амбуланта за Кожни и Венерични Болести,Психологија и Психотерапија,Амбуланта за Уво, Нос и Грло

ПРИМА-МЕД(Систематски прегледи за вработени,Менаџерски пакети, Периодични здравствени прегледи.

Additional Service Areas